Барди: Тука сите сме другари, едвај ги чекаме повиците за репрезентацијата

by
1 минути читање

Пред Македонија се нови предизвици во квалификациите за Светското првенство, овојпат и со нов селектор. Првиот меч е против Ерменија веќе во четврток.

„Среќен сум што сум дел од репрезентацијата, тука сите сме како другари, секогаш кога имаме повик едвај чекаме да дојдеме тука, особено сега затоа што дел од нас многу години сме заедно, се познаваме многу добро и знаеме што имаме направено досега. Мислам дека сите сме клучни играчи, ова е едно семејство“, вели Барди.

„Се што беше до сега помина, сега треба да мислиме само напред. Ерменија има многу добра репрезентација, со новиот селектор променија многу работи, но ние ќе се фокусираме на нашата игра и мораме да го дадеме максиумот како и секогаш. Секој меч е многу тежок, треба да ги исполниме задачите на селекторот и да дадеме се од себе“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×