Јаховиќ не беше во најдобри односи со претходниот селектор Игор Ангеловски, но Милевски го повика уште за првиот натпревар под негово водство.
„Разговаравме пред два месеци со селекторот, зборувавме за моето враќање во репрезентацијата, нормално дека чувството е убаво. Тоа што му го кажав на селекторот, ќе го кажам и сега, секогаш сум сакал да играм за репрезентацијата, но такви беа ситуациите, што било поминало, не сакам да се враќам во минатото, новиот повик од новиот селектор ме радува и нормално дека сум многу среќен што сум повторно дел од репрезентацијата, чувството е исто како и првиот пат кога бев повикан“, вели Јаховиќ.
„Имаме квалитетна репрезентација, се надевам дека брзо ќе се адаптираме, ќе се согласуваме, сите ги знам, сите ме знаат, се зависи од нас, како ќе се покажеме на теренот. Јас ќе дадам се од себе за да помогнам да ги оствариме целите. Ќе одиме од натпревар во натпревар. Сега се подоготвуваме за Ерменија, направивме една добра анализа. Треба прво да го добиеме тој меч, да одиграме како што треба, а потоа ќе размислуваме за Исланд. Сите три натпревари се во многу тесен период, но сите ние тука сме квалитетни играчи. И се надевам дека ќе ја израдуваме Македонија“.