309
Актуелниот
шампион на Македонија, тетовска Шкендија и официјално се раздели со својот
најдобар фудбалер изминативе неколку години, Бесарт Ибраими, кој воедно е
најдобриот стрелец во историјата на тетовските „црвено-црни“.
„Ти благодариме
за се’ што стори за овој
клуб, Бесарт, ти благодариме за убавите моменти, за твојата посветеност во
црвено-црниот дрес, ти посакуваме многу успех во твојата кариера како фудбалер“
стои во објавата на официјалниот клупски сајт на Шкендија.
Ибраими за
Шкендија потпиша во 2015 година, а од тогаш па наваму постигна фантастичен
учинок од 147 погодоци, а за него се верува дека кариерата ќе ја продолжи во
грчки Ксанти.
Фото-вест:
kfshkendija.com