Последен ден од преодниот рок, што може да очекуваме?

by
1 минути читање

Овој преоден рок е веројатно највозбудливиот досега, во исто лето Меси и Роналдо ги променија клубовите, а нова средина одбранаа и многу други ѕвезди како Рамос, Донарума, Лукаку, Варан, Грилиш…

Една од главните теми, која се уште е актуелна е трансферот на Килијан Мбапе од ПСЖ во Реал Мадрид. Надежта дека тој ќе се случи останува и денес, но шансата за реализација е навстина мала.

ПСЖ несфатливо одбива огромна понуда од Реал Мадрид за фудбалер кој следното лето може да си замине бесплатно. Но, не пронајдоа соодветна замена за него, па не се очекува да дадат зелено светло за негово заминување.

Реал Мадрид сепак ќе се врати со фудбалер од Франција, Едуардо Камавинга треба да го комплетира трансферот од Рен.

Лапорта го побарал Жоао Феликс на позајмица во Барселона, Атлетико Мадрид денеска треба да го даде одговорот, но прогнозите се дека тој ќе биде негативен.

Од Барселона заминуваат Илаиш во Лајпциг и Емерсон во Тотнем, а каталонскиот клуб се обидува дад го донесе Белерин од Арсенал.

Пјаниќ доцна синоќа на навивачите на Јувентус им кажа дека сака да се врати во клубот, но не се очекува тоа да се случи. Јуве денес треба да го комплетира трансферот на Кин од Евертон.

Нема најава за некоја трансфер бомба во последните часови од преодниот рок, но никогаш не може да се отфрлри можноста дека тоа може да се случи на овој ден. Останува да видиме што ќе донесе последниот ден од преодниот рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×