Ренато Санчез кој минатата сезона ја освои шампионската титула со Лил во француското првенство, е пред нова преселба во Премиерлигата.
Овојпат Санчез треба да потпише за Вулвс каде ќе игра како позајмен фудбалер до крајот на сезооната.
24-годишниот Санчез во сезоната 2017/2018 го носеше дресот на Свонси како позајамен од Баерн Минхен, но не се покажа во некое посебно светло.
Во меѓувреме, Португалецот се пронајде во Лил каде повторно почна да го покажува својот талент, се врати во репрезентацијата и имаше впечатлива улога на Европското првенство.
Ренато Санчез во моментов се опоравува од повреда на коленото, за што ќе му треба уште еден месец рехабилитација, но Вулвс и покрај тоа е решен да потпише со него.