Муслиу: Многумина од нас веќе знаат со кого работат

by
1 минути читање

Најдобрата
македонска фудбалска репрезентација со две победи, против Германија и Лихтенштајн,
но и поразот од Романија ги стартуваше мундијалските квалификации, а за
септември претстојат три пресметки, од кои првата е онаа против Ерменија,
предвидена да се одигра во четврток.

Висар Муслиу беше
дел од златната генерација од селекцијата за фудбалери до 21 година која успеа
да испише историја со пласманот на Европското првенство, а под кормилото на
сегашниот селектор на сениорите Благоја Милевски, а стоперот навестува брза
адаптација со новиот селектор.

Добро го
стартувавме новиот циклус квалификации за Светското првенство, меѓутоа треба да
продолжиме во исто темпо, а воедно и да дојдеме до нови бодови во следните
натпревари, многумина од нас веќе знаат со кого работат, мислам дека за брз
период ќе се адаптираме сите
“ рече Муслиу алудирајќи на претходната соработка
со Милевски во младинската селекција за фудбалери до 21 година.

Добро знаеме за
каков противник се работи, секоја година играме против нив, повеќе пати сме ги
анализирале, со добра игра да дојдеме до позитивен резултат
“ порача
дефанзивецот за дуелот со Ерменија, по кој ќе следат и пресметките со Исланд и
Романија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×