Трајковски на позајмица во Данска?

by
1 минути читање

За нашиот 28
годишен репрезентативец Александар Трајковски нема место во редовите на
шпанскиот прволигаш Мајорка, а дека е така потврди и тренерот на таа екипа,
Луис Гарсија Плаза пред извесен период.

Се шпекулира дека постои можност Трајковски да биде отстапен на Алборг на позајмица за оваа
сезона, а постои и потврда од страна на спортскиот директор на данскиот
прволигаш, Инге Андре Олсен дека преговорите се во завршна фаза.

Трајковски од
2019 година е дел од составот на Мајорка, клуб со кого е обврзан на верност до
2023 година, а не успеа да се наметне и да се избори за стартер во таа средина,
па беше приморан ова лето да си бара нов клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×