Вардар најави експресно враќање во Првата лига, но не успеа да регистрира ниту едно од многуте засилувања кои ги донесе, па денешниот меч го одгра претежно со младински тим и дел од поискусните фудбалери кои играа и минатата сезона.
Со еден таков состав тешко можеше да се очекува дека Вардар ќе ги освои сите три бода во Дебар, па и ремито може да се оцени како солиден резултат.
За разлика од Вардар, Силекс нема проблеми па убедливо го почна настапот во Втората лига, тие со 3-0 славеа на госотувањето кај Кадино.
Втора лига – Запад (1. коло)
Кораби – Вардар 0:0
Кадино – Силекс 0:3
Тетекс – Велешта 2:1
Гостивар – Воска Спорт 0:4
Охрид – Беса 4:1
Втора лига – Исток (1. коло)
Победа – Кит Го 2:1
Детонит јуниор – Беласица 0:2
Локомотива – Кожуф 0:2
Осогово – Каменица Саса 1:4
Слога Виница – Братство Житоше 1:0