Милевски: Трајковски не игра во Мајорка, но ни фалат играчи на крилните позиции

by
1 минути читање

На списокот на Милевски се најдоа тројца дебитанти, Серафимов, Миовски и Тодоровски, во селекцијата се враќаат Јаховиќ, Ашковски, Ѓорѓев и Илиев. Не се повикани Бејтулаи, Стојановски, Хасани… а во составот се Зајков и Трајковски кои уште немале клупски натпревари оваа сезона.

Селекторот Милевски го објасни списокот.

„Ги гледав сите натпревари на Шкендија и можам да кажам дека не сум задоволен од моменталната форма на Бејтулаи, сметам дека на таа позиција подобра опција во моментов се Стефан Ристовски и Тодор Тодоровски. Но тоа не значи дека се откажувам од Бејтулаи. Немам право од никој да се откажам, ако некои фудбалери не се на списокот сега, не значи дека нема да бидат на следниот список. Зависи од формата на фудбалерите и опциите кои ги имаме“, вели селекторот Милевски.

Алексанадр Трајковски не игра за Мајорка, тренерот на шпанскиот клуб му рече дека нема да смета на него и може да си бара нова средина. Ѓоко Зајков направи трансфер од Шарлоа во Левски и допрва треба да почне да игра.

„Се согласувам дека Трајковски и Зајков немаат натпревари, јас сум рекол и ќе речам дека ќе повикувам само играчи кои имаат сериозна минутажа. Но овој пат ситуацијата е различна. Во случајот со Трајковски проблем е што немаме многу опции за крилните позиции, зборував со него, рече дека е максимално подготвен, му фалат мечеви, но знам каков професионалец е и знам дека ќе даде се од себе. Што се однесува до Зајков, тој ги помина подготовките со Шарлоа, направи трансфер во Левски и очекувам викендов да го има првиот натпревар“.

Македонија ја очекуваат три квалификациски натпревари за СП, на 2. септември играме дома против Ерменија, па на 5. септември гостуваме кај Исланд, а циклусот го завршуваме со меч против Романија на 8 септември. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×