152
Македонија ја очекуваат три квалификациски натпревари за СП, на 2. септември играме дома против Ерменија, па на 5. септември гостуваме кај Исланд, а циклусот го завршуваме со меч против Романија на 8 септември.
Милевски денеска го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за овие натпревари. Дебитанти во составот се Никола Серафимов, Бојан Миовски и Тодор Тодоровски, повратници се Адис Јаховиќ, Стефан Ашковски, Никола Ѓорѓев и Дејан Илиев.
Бобан Николов е неизвесен поради тоа што е позитивен на ковид-19, ако добие навреме негативен тест ќе се приклучи на репрезентацијата, а Адеми иако е на списокот нема да настапи на овие мечеви поради повреда.
