182
АЕК Ларнака на
Иван Тричковски и Докса на голманот Дамјан Шишковски, односно Душко Трајчевски одиграа
реми со резултат 1-1 во првото воведно коло од новата сезона во најсилниот
фудбалски шампионат на Кипар.
Капитенот на
домаќините, Тричковски во 26 минута успеа да погоди за почетно водство од 1-0
за АЕК Ларнака, а во второто полувреме по само три минути игра Шишковски запиша
асистенција во голот на поранешниот фински репрезентативец и нашинец Берат
Садик.
Од нашите
интернационалци во обата табори, прилика за настап единствено не доби Стефан
Спировски кој од клупата за резерви до крај го проследи мечот, Тричковски,
Шишковски и Трајчевски ги одиграа сите 90 минути.