Чурлинов ќе биде 15-то засилување за Шалке ова лето, Македонецот на позајмица во Гелзенкирхен

by
1 минути читање

Штутгарт реши да
го испрати Дарко Чурлинов на позајмица. Популарните „шваби“ сметаат дека
Македонецот нема да има доволна минутажа доколку остане, па со Шалке се
договориле тој оваа сезона да настапува во Гелзенкирхен.

21 годишниот офанзивен
фудбалер денеска ќе ги помине редовните лекарски прегледи и ќе стави потпис на
договорот.

Шалке прави
голема реконструкција на тимот ова лето откако испадна во втора Бундеслига,
Дарко Чурлинов треба да биде 15-то засилување за „сините“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×