Шишковски се обврза на верност со Докса до 2024 година

by
0 минути читање

26 годишниот
македонски голман Дамјан Шишковски стави потпис на нов договор со кипарска
Докска со кој се обврза на верност со тој клуб до 2024 година.

Шишковски лани
направи трансфер на Кипар од Работнички, со тоа што на 35 меча успеа да запише
15 клин шита, односно на 15 меча ја сочува мрежата од сопствениот гол.

Во составот на
Докса има уште двајца Македонци, Дарко Глишиќ, како и Душко Трајчевски, а во
редовите на таа екипа настапува и Берат Садик, поранешниот фински
репрезентативец кој има и македонски пасош.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×