Босанецот Хаџановиќ ја засили Академија Пандев

by
1 минути читање

28 годишниот Адис
Хаџановиќ е новото засилување за македонскиот прволигаш Академија Пандев во
новата сезона, откако фудбалерот од средниот ред ги напушти редовите на
сараевски Олимпик.

Лани во
босанската „Пермиер Лига“, Хаџановиќ запиша 26 настапи за Олпимпик, а доста
расположен за погодоци во својата кариера бил во дресот на Номе Калју пред осум
години, каде на 29 настапи успеал да запише 12 погодоци во второлигашката
конкуренција на Естонија.

Хаџановиќ освен
во домашното првенство на Босна и Херцеговина, каде настапувал за Олимпик,
Тузла, Слобода, Витеж, но и Фамос, има и интернационално искуство, го носел
дресот на естонски Номе Калју, египетски Ал Ахли, хрватските клубови Истра и
Сегесте, како и Искра од Црна Гора.

Што се однесува
пак до Академија Пандев, Струмичани со една победа против Работнички, но и реми
со Струга ја стартуваа новата сезона во нашиот домашен фудбалски шампионат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×