495
26 годишниот
македонски дефанзивец Ѓоко Зајков во новата сезона ќе настапува во дресот на
бугарскиот прволигаш Левски од Софија, клуб со кого потпиша едногодишен
договор, а во истиот има можност и за дополнителни 12 месеци.
Зајков во Левски
пристигнува како слободен играч на трансфер пазарот откако му заврши договорот
со Шарлроа, а претходно Македонецот ги бранеше боите на француски Рен, како и
нашиот прволигаш Работнички.
Левски новата
сезона во Бугарија ја стартуваше со една победа и три порази, а со тоа се наоѓа
во долниот дел од табелата, поточно на 11 позиција, односно во делот за
испаѓање.