Шкендија никако да победи, шампионот загуби од Ренова

by
1 минути читање

Ниту тренерската смена не носи подобри резултати за Шкендија, по серијата порази во Европа, тетовскиот тим разочарува и во домашното првенство.

Шкендија во првото коло одигра 0-0 кај Тиквеш, а сега како домаќин загуби од Ренова со 2-1.

Ренова имаше водство од 2-0 со голови на Јусуфи и Селмани, Шкендија преку Дориев само го ублажи поразот.

Шкупи со погодоци на Фаустин и Алварез дојде до триумф од 2-0 над Македонија Ѓорче Петров.

Борец во судиското продолжение со гол на Манасиев го победи Тиквеш со 2-1. Претходно велешкиот тим поведе со гол на Ѓорѓиев со 52. мнута, а Вареловски четири минути подоцна изедначи на 1-1.

Струга Трим Лум со гол на Скендери во 60. минута го победи Пелистер со 1-0. 

Немаше голови на дуелот меѓу Скопје и Брегалница.

Дербито меѓу Академија Пандев и Работнички се игра вечерва од 20 часот.

Резултати:

Борец – Тиквеш 2:1

Скопје – Брегалница 0:0

Шкендија – Ренова 1:2

Шкупи – Македонија 2:0

Струга – Пелистер 1:0

Можно е и ова да ти се допаѓа

×