Попладнево
стартуваше новата сезона во МПФЛ, стрелците не беа расположени на отварањето,
па паднаа само четири погодока на пет натпревари.
Работнички со
голот на Ристевски победи со 1-0 против Борец, а истиот резултат гласеше и на
мечот помеѓу Македонија ЃП и Пелистер, „лавовите“ стигнаа до три бода со погодокот
на Воша.
Актуелниот
шампион Шкендија никако да постигне гол, откако на четири меча во Европа не
реализираше ниту еднаш, „црвено-црните“ од Тетово останаа без муниција и на
гостувањето кај Тиквеш.
Шкупи исто така
имаше проблем со реализацијата, клубот од Чаир одигра само 0-0 на гостувањето
кај Брегалница.
Најефикасно беше
на дуелот помеѓу Ренова и Скопје, каде паднаа два гола. Селмани ги донесе
домаќините во водствот, а Кировски се погрижи за поделба на бодовите.
ФОТО: ФК Работнички