Игор Ангеловски – Мрме: Да бидеме професионалци, секој во својата област! Да и веруваме на науката и медицината! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Меѓу другото,  селекторот порача дека треба да и’ веруваме на науката и медицината, и дека тој лично се вакцинирал поради своето семејство и својот фудбалски тим, но и поради навивачите на македонската фудбалска репрезентација. 

Минатата недела беше објавено видео во кое Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ – Дејвид Гир, професорот д-р. Никола Пановски, актерките Лабина Митевска и Амернис Нокшиќи, дел од актерите од Преспав, свештени лица од христијанска и муслиманска вероисповед, едногласно посакаа населението да се вакцинира во што е можно поголем број, заради стекнување на колективен имунитет и конечно надминување на кризата предизвикана од Ковид19.

Кампањата за подигнување на јавната свест за вакцинација е поддржана од Делегацијата на ЕУ, Стопанската Комора, Витаминка, Стопанска Банка, многубројни медиуми и други организации. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×