Шкендија и Шкупи ги дознаа можните противниците во 3. коло од Конференциската лига

by
1 минути читање

Шкендија и Шкупи
ги дознаа можните противници во 3. коло од Конференциската лига, ждрепката во
Нион беше прилично поволна за „црвено-црните“ од Тетови.

Доколку Шкендија слави
на двомечот со Рига во 2. коло, за противник ќе го добие подобриот од дуелот
помеѓу Фолгоре од Сан Марино и Хебернијанс од Малта, ривали кои би можеле да
бидат елеминирани од македонскиот шампион и да се обезбеди настап во плеј-офот.

Шкупи доби нешто
потежок противник доколку успее да ја мине Санта Клара, клубот од Чаир ќе се
пресмета со подобриот од словенечка Олимпија Љубљана и  Биркиркара од Малта.

Натпреварите од 2.
коло во Конференциската лига се играат на 22 и 29. јули, додека пресметките од 3.
коло се закажани за 5 и 12. август.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×