Седлоски: Важна победа за клубот и фановите

by
1 минути читање

Шкупи синоќа одигра 1-1 на гостувањето кај косовскиот тим Лапи и со вкупни 3-1 се пласира во следното квалификациско коло од Конференциската лига.

„Во првото полувреме очекував добро да си ја завршиме работата и да не ги повториме грешките од првиот меч. Лапи имаше иницијатива, и претходно реков дека се работи за силен тим. Севкупно не сум задоволен од играта во првото полувреме, но во вториот дел нашите момци почнаа да играат подобро, имавме некои многу добри шанси“, вели Седлоски.

„Резултатот 1-1 беше доволен, најважното е дека продолжуваме во следното квалификациско коло во Конференциската лига“.

„Ова е важна победа за клубот и фановите бидејќи долго време сме немале ваков успех. Сега играме против тим со голем квалитет, против Санта Клара од Португалија“.

„Уште еднаш им честитам на фудбалерите за победата, и благодарност до фановите кои дојдоа од Скопје“.

Првиот меч со Санта Клара, Шкупи го игра на 22 јули во Скопје на Арената „Тодор Проески“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×