По нерешените 1-1 на гостински терен, Струга Трим Лум синоќа во Скопје беше убедливо поразена со 4-1 од Лиепаја, по што го заврши дебитантскиот настап на евро сцената.
„Лиепаја беше многу поквалитетен тим и треба да го прифатиме тоа сакале или не. Истото го кажав и на претходната прес конференција. Им честитам на противниците за победата и им посакувам успех во следните мечеви. Во првото полувреме бев револтиран бидејќи не игравме на начинот на кој требаше. Неискуството си го стори своето. Головите ги примивме во лоши моменти. Првиот во последната минута од првото полувреме, а на стартот на второто примивме два брзи гола и тоа силно не удри. Како и да е, ова е фудбал и треба да мислиме на следните предизвици, на мечевите од првенството за кои очекуваме и некои засилувања“, изјави Захариевски.