Силекс прими гол во 95. минута и доживеа европска елиминација од Петрокуб

by
1 минути читање

Кратовскиот тим со 1-1 отпатува во Молдавија кај Петроуб кој поради прикажаната добра партија во Скопје, важеше за голем фаворит во денешниот меч.

Молдавскиот клуб беше подобар на денешниот меч, создаде многу повеќе шанси, но Силекс беше тврд орев и не се даваше.

Натпреварот се движеше кон нерешен резултат кој ако се случеше ќе се играа продолженија бидејќи веќе не важи правилото гол во гости.

Сепак во 95. минута од натпреварот, по еден корнер, Платица постигна гол за победа на Петрокуб од 1-0.

Исто како и Струга ТЛ, и Силекс го заврши настапот во квалификациите од Конференциската лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×