149
Алиоски ги разочара фановите на Лидс бидејќи во следната сезона ќе го носи дресот на нивниот непријател, Галатасарај.
Според турскиот медиум „Фанатик“, постигнат е договор меѓу Галатасарај и Алиоски, а наскоро тој ќе биде и официјално соопштен.
Турскиот клуб се чини дека бил единствениот кој ги исполнил барањата на Алиоски кои беа четиригодишен договор со плата од 2 милиони евра по сезона.
Во 2000 година двајца навивачи на Лидс беа убиени во Истанбул од страна на фанови на Галатасарај, па омразата меѓу двата клуба е голема.
За разлика од пред неколку дена кога го величеа Алиоски, денеска фановите на Лидс на социјалните медиуми плукаат по него поради преселбата во Галатасарај.