349
Хамиди има 24 години, игра на левата крилна позиција и доаѓа од Алжир, додека Соуахиби Бери има 22 години и доаѓа од Сенегал.
„Навистина сум среќен што ќе бидам дел од овој тим и мојата порака за фановите е дека ќе го дадам најдоброто од мене за добра сезона и дека овој тим ќе биде најдобар“, изјави Хамиди.
„Среќен сум што ќе играм за овој клуб и моите амбиции се даад му помогнам на овој тим во европските натпреварувања и домашното првенство“, вели Бери.
И двајцата ќе бидат подготвени за реваншот против Лапи од Приштина кој се игра во четврток.