МВР му даде плакета на Ангеловски, а на ФФМ ѝ го смени името (ФОТО)

by
1 минути читање

Плакетата е за партнерство и успешна реализација на целите од заеднички интерес на БЈБ и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

„Голема благодарност до директорот на БЈБ за доделената плакета. Кога ќе добиете признание од голем човек и уште поголем професионалец, а најважно од сѐ долгогодишен другар задоволството е преголемо“, напиша Англовски на социјалните мрежи.

Интересно, на името на ФФМ беше додадено „Северна“, Фудбалска федерација на Северна Македонија.

За време на Европското првенство Грција реагираше токму на името на ФФМ, а премиерот Зоран Заев тогаш најави дека името на федерацијата мора да биде променето согласно со Преспанскиот договор.

Но, за името официјално да биде променето, одлуката треба да помине на Управниот одбор на ФФМ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×