Силекс одигра реми против Петрокуб, Струга ТЛ непоразена се враќа од европското деби во Летонија

by
1 минути читање

Силекс добро го почна натпреварот поведе уште во петтата минута кога по асистнција на Рајков, Додевски постигна гол за 1-0.

По примениот гол Петрокуб нападна кон изедначување и во тоа успеа пред самиот крај на првото полувреме кога по една лоша интервенција на одбраната, Платица израмни на 1-1.

Во второто полувреме гостите имаа неколку фантастични шанси, но голманот Божиновски ги скроти ударите кон неговиот гол.

Шанси имаше и Силекс, но кратовскиот клуб не ја казни во финишот неефикасноста на гостите и во Молдавија ќе отпатува со 1-1 и тешка мисија за поминувањ на следното коло.

Дебитантот во Европа, Струга Трим Лум со реми се враќа од гостувањето кај Лиепаја од Летонија.

Домаќините поведоа со гол на Додо во 31. минута, а Исени во 93. минута донесе израмнување за Струга.

Иако израмнувањето стигна во самиот финиш, момците на Захариевски потполно го заслужија тоа бидејќи во текот на мечот создадоа повеќе од домаќинот, имаа и повеќе шутеви и поголема посед на топката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×