Леонардо
Спинацола минатата недела ја повреди Ахиловата тетива, левиот бек веднаш беше
опериран и сега го чека долг процес на опоравување и пауза од најмалку шест
месеци.
Па Рома и Жозе
Мурињо започнаа потрага на нов лев бев а според пишувањата на „Ил Темпо“, ново
име на листата со желби е Езгјан Алиоски.
Македонецот е
слободен играч откако заврши неговиот договор со Лидс на 30. јуни а преговорите
за продолжување на соработката завршија неуспешно.
„Ил Темпо“ вели
дека раководството на Рома веќе остварило контакт со придружбата на Езгјан
Алиоски, наскоро ќе започнат преговори со неговиот агент и ќе достават
конкретна понуда.
Весникот исто
така додава дека Милан и Наполи внимателно ја следат ситуацијата. Македонецот
претходно се поврзуваше со трансфер во Турција, каде Галатасај и Трабзонспор
пројавуваат интерес.