Столе Димитриевски прими осум голови, но остави фантастичен впечаток на ЕП, имаше неколку блескави интервенции, од кои едната беше одбранет пенал, делуваше сигурно на голот на македонската репрезентација, а тоа го виде цел свет.
Информациите од Шпанија велат дека Гранада и Хетафе се загреани за Столе Димитриевски.
Гранада беше клубот кој го купи Димитриевски од Работнички, но тој не се задржа многу таму.
Додека Димитриевски беше на Европското првенство, Рајо Ваљекано без него избори пласман во Примера.
Тоа значи дека Димитриевски следната сезона ќе брани повторно во најсилната шпанска лига, прашање е само дали за Рајо Ваљекано или за некој од Гранада и Хетафе.
Од Шпанија може да го одалечи само добра понуда од клуб од друга квалитетна лига.