147
УЕФА одреди посебна комисија која ќе истражува дали некои од нашите фудбалери го прекршиле ковид протоколот.
Случајот се однесува на пропусти при земањето на брис од играчите во Амстердам за задолжителните тестови за ковид-19.
Постапката не е против еден фудбалер или индивидуалци, туку против ФФМ, која на крајот би можела да се соочи со парична или друг вид на казна доколку комисијата констатира вина.
