Серафимов потпиша за Залаегерсег

by
0 минути читање

Младински репрезентативец на Македонија, Никола Серафимов потпиша тригодишен договор со
унгарскиот прволигаш Залаегерсег, а ова за него е втор интернационален
предизвик во својата кариера, по чешка Јихлава.

Како што потврдија од унгарскиот прволигаш, македонскиот дефанзивец ќе го носи дресот со
број “31„, а 21 годишниот фудбалер изминатата сезона во дресот на Академија
Пандев одигра 25 натпревари.

Серафимов потпиша
за Залаегерсег без обештетување, од причина што неговиот договор со Академија
Пандев истече минатиот месец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×