Пандев за малку ќе ги кренеше акциите на Струмка (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Роналдо ги тргна шишињата со Кока-кола и им порача на луѓето да пијат вода. Португалецот со тој потег ги турна акциите за 4 милијарди долари.

Потоа некои други играчи го следаа неговиот пример, хит беше и рускиот селектор кој пак си отвори Кока-кола и се напи. 

По потегот на Роналдо, кај нас на социјалните мрежи се појавија монтажи како Горан Пандев ги трга Кока-колите и става Струмка. Капитенот на нашата репрезентација, пред синоќешниот прес го кажа токму тоа. Веројатно не очекуваше дека ќе исочи видео затоа што прес-конференцијата не беше започната, но се појави снимка која станува хит.

Пандев рече: „Да ги тргнеме Кока-колите и да ставиме Струмка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×