Соиграчите го фрлаа Пандев во воздух (ФОТО)

by
0 минути читање

На утрешниот натпревар против Холандија, Горан Пандев ќе се збогува со националниот тим, тоа ќе биде неговиот последен меч за Македонија.

Денешниот тренинг на „Јохан Кројф“ арената беше и последен тренинг за Пандев со соиграчите со кои во изминатте неколку години функционираше како фамилија.

Тие знаеа како да му оддадат почит на капитенот, го фатија и го фрлаа неколку пати во воздух. Пандев беше главен денеска, а се надеваме дека утре со убав резултат ќе му каже збогум на националниот тим.

Фото: ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

×