Шкендија со победа можеше да ја завери титулата и уште денеска, но Шкупи не требаше да победи во Велес против Борец, сепа тоа се случи.
Шкупи со гол на Нето во 79. минута го совлада Борец на негов терен, ова беше и деби на клупата за Гоце Седлоски.
Шкендија со два гола на Хебај и еден на Нафиу дојде до триумф од 3-0 кај Беласица во Струмица.
Академија Пандев исто така со 3-0 дојде до триумф над Вардар, Александар Васоски го победи својот поранешен клуб.
Радески, Крстовски и Стоилов беа стрелци на головите кои беа постигнати во првото полувреме.
Струга ТЛ со убедливи 3-0 го победи Пелистер. Скендери, Алтипармаковски и Таири беа стрелци на головите.
Најмногу погодоц имаше на скопскиот дуел меѓу Работнички и Македонија ЃП кој заврши без победник 2-2.
Сите голови беа постигнати во првиот половина час. Да Силва донесе водство за Македонија, Лука Станковски израмни на 1-1, па Фернандо погоди за ново водство на Македонија ЃШ, но Mариот Станковски набрзо донесе ново израмнување.
Вчера Ренова со 2-1 го победи Силекс.
Табела по 28. коло:
1. Шкендија 65
2. Шкупи 52
3. Македонија ЃП 48
4. Струга ТЛ 44
5. Работнички 41
6. Пелистер 35
7. Академија Пандев 34
8. Борец 33
9. Ренова 31
10. Силекс 29
11. Вардар 28
12. Беласица 17
Фото: ФК Шкупи