Македонија покажа кој е кој, пет гола во мрежата на Лихтенштајн (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Македонија ја оправда улогата на фаворит против Лихтенштајн и славеше убедлива победа, избраниците на Ангеловски доминираа во текот на целиот меч и без проблеми ги освоија трите бода.

Нашата репрезентација брзо го отвори натпреварот, во седмата минута Барди постигна гол од слободен удар за водство од 1-0, лоша интервенција на голманот Бухел.

Пет минути подоцна од слична позиција Барди можеше да даде уште еден гол, но овој пат пречката беше сојузник на гостинот.

На вториот гол се чекаше до 51. минута кога по еден обид на Барди, Трајковски се најде на вистинското место и погоди за водство од 2-0. 

Три миинути подоцна Трајковски постигна уште еден гол, овој пат нашиот напаѓач биеше сиилно од далечина за убедлива предност од 3-0.

Во 62. минута асистенција од Несторовски до Елмас кој реализира и за 4-0.

На осум минути пред крајот беше досуден пенал за Македонија, а Несторовски мајсторски со паненка реализираше за конечен резултат од 5-0.

Следниот натпревар на Македонија е во среда, на 31. март на гостински терен кај Германија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани