„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Фернандеш прв пик за капитентската лента

by
9 минути читање

Пред нас е 20
коло во англиската Премиерлига, а тоа е повод за нова анализа од едицијата „24ФУДБАЛ
СКАУТ ФАНТАЗИ“ како помошна алатка за сите наши натпреварувачи во мега
популарната Фантази Премиерлига.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Дури во саботата
завршија возбудувањата во рамките на 19 коло кое беше подолго од предвиденото,
а може да се пофалиме дека претходната анализа вроди со плод и донесе 101
освоен бод во коло каде просекот изнесуваше 74 бода, меѓутоа, факт е дека
секогаш може и подобро, но, како и да е, прво ќе ги сумираме последните
случувања.

Претходната анализаАнтонио подготвен да блесне во полн сјај, му претстојат два противника по мерка

На голот, иако
под ризик, сепак следејќи ги актуелностите постојано, беше јасно дека
Фабијански ќе биде рехабилитиран целосно од повредата, тоа се случи, меѓутоа по
првиот меч и клин шит против Барнли, сосема очекуван, се случи едно мало
изненадување откако ВБА ни ги расипа плановите за втор во низа клин шит за
полскиот голман, иако Вест Хем и тој меч го доби. Кресвел уште еднаш потврди
дека е во фантастична форма, па одигра одлично на двата меча за „Чеканите“, а
во првиот освен бодови од клин-шит, доби и дополнителни два бонус.

Неуморниот Џастин
ги одигра двата меча за Лестер во победите од по 2-0 против Саутемптон, односно
Челси, а бекот во првиот меч доби и два бода бонус, па генерално во 19 коло
освои фантастични 14 бода. Дефанзивната линија ја заокруживме со Диаш од
Манчестер Сити, кој два меча во низа освои бодови преку клин-шит, а во првиот
против Кристал Палас запиша и асистенција, во вториот со Астон Вила доби и бод
бонус, со што заокружи одлични 18 бода.

Секако дека
големи се разочарувањата од Салах и Де Брујне кои беа за многумина први пикови,
меѓутоа Египјанецот во два меча освои вкупно четири бода без дополнителен
придонес, а Де Брујне едвај дојде до асистенција, па во два меча комплетираше
генерално осум бода.

Не се остварија
нашите очекувања дека Рашфорд може да донесе разлика, па тој дури на вториот
меч беше одморен, меѓутоа тука беше Грилиш да покрие, откако во победата на
Астон Вила против Њукасл запиша асистенција, па заокружи осум бода од двата
меча.

Во нападот секако
големото разочарување е Варди, иако Лестер постигна четири гола на двата меча,
напаѓачот не успеа ниту еднаш да учествува во истите, а тука е секако и Бамфорд
кој беше „невидлив“ во поразот на Лидс на свој терен од Брајтон, меѓутоа
задоволството е големо од фактот што Антонио се врати онаков каков што сите го
знаеме, тој погоди на двата меча за Вест Хем, а заокружи фантастични 18 бода.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Пред самата
селекција на фудбалери за претстојното 20 коло, се префрламе накратко на
трансферите, каде речиси и да нема изненадувања.

Во однос на
најкупуваните фудбалери за 20 коло, прв на листата е Стоунс од Манчестер Сити
кој верувале или не, е играч на 19 коло со освоени 27 бода од двата меча против
Кристал Палас и Астон Вила, а на првиот меч постигна два погодоци, па сигурно
очекувањата од него се големи за дуелите против ВБА, Шефилд Јунајтед и Барнли.

Втор на оваа
листа е Мадисон од Лестер кој постигна два гола во низа во двојното коло, или
вкупно три во последните три меча за „Лисиците“ кои имаат доста добар распоред
во продолжение. Интересно е тоа што во водечките три трансфери место има и за
напаѓачот на Тотнем, Кејн кој три меча во низа го пронаоѓа патот до
противничката мрежа, а сега пред него е дуелот со Ливерпул. На оваа листа место
има и за Гундоган од Манчестер Сити, односно Антонио од Вест Хем.

Во однос на најпродаваните
фудбалери, прв е Де Брујне од Манчестер Сити кого го очекува пауза од три до
четири седмици, а по него, со ист статус следи и Варди од Лестер, за водечката
тројка да ја комплетира Калверт-Луин од Евертон кој по одличниот старт во
новата сезона е незабележителен во последно време. 
На оваа листа се
најдоа и Зума од Челси, односно Салах од Ливерпул.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Шесте меча
сезонава со клин-шит зад своето име е повеќе од причина да го селектираме
повторно Лукас Фабијански (5.1) од Вест Хем, кој со својот тим гостува кај
Кристал Палас
. Во последните
пет меча, Вест Хем на три пати ја сочува мрежата од својот гол, два од тие меча
беа на гостински терен, против Саутемптон, односно Евертон.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Учинокот на
Фабијански, доколу се остварат нашите очекувања, би сакале да го дуплираме со
неговиот соиграч Арон Кресвел (5.4) кој игра во животна форма, а досега запиша
шест асистенции, со дополнителни бода од дури седум клин-шит, инаку бекот на „Чеканите“
ги одигра сите натпревари досега во целосен обем по 90 минути, а неговата
специјалност се посебно слободните удари.

Бруно Диаш (5.9)
со Манчестер Сити го очекува нова можност за клин-шит, овој пат на гостувањето
кај ВБА кој е голем аутсајдер во дуелот со „Граѓаните“, а стоперот би ви бил
опција и за двата меча потоа, против Шефилд Јунајтед, односно Барнли.

Нашиот Езгјан
Алиоски (4.5)
со својот Лидс гостува кај Њукасл, ќе го селектираме нашиот
репрезентативец за ова коло најпрво поради фактот што гостува кај екипа која
мака мачи да постигне гол, но и екипа која има доста дупки во својата игра која
остава голем простор за офанзивни бекови како Алиоски кои можат да го
искористат сето тоа. Сепак, постојат мали дилеми околу тоа дали Македонецот ќе
продолжи како стартер во изборот на Биелса, ако се земе во предвид дека во
последните два меча беше заменуван пред 70 минута, што остава сомнеж кај нас за
некои други планови на Биелса.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Бруно Фернандеш (11.3)
ги надмина сите, па така ѕвездата на Манчестер јунајтед во моментов е водечки
фудбалер кај оние од средниот ред генерално гледано во поглед на освоените
бодови, па сигурно дека големи се очекувањата од него на дуелот на домашен терен
против Шефилд Јунајтед, а Португалецот сигурно конкурира и за прв избор за
капитен на колото во изборот на натпреварувачите.

Во никој случај
не го отпишуваме Евертон во битката за бодови на домашен терен против Лестер,
но формата на тимот предводен од Роџерс ветува многу сезонава, неслучајно „Лисиците“
се во топ четирите екипи засега на табелата, а со оглед на формата нема да
зачуди нивната серија победи да продолжи и на „Гудисон Парк“, а тоа да биде
така треба придонес и од Џејмс Мадисон (7.2) кој погоди на последните три меча.

Во отсуство на Де
Брујне, а со оглед на гостувањето на Манчестер Сити кај ВБА, ќе му ја укажеме довербата
на Фил Фоден (6.3), иако многумина истата би му ја укажале на Стерлинг, сепак,
големата активност на Фоден во играта на „Граѓаните“, односно неговиот удел ни
дава надеж дека младиот Англичанец сега би имал шанса каква што ретко би му се
укажала.

Иако постои
сомнеж за пад на формата на Лидс, како и промена на филозофијата на игра од
страна на Биелса, за што просведочи и поразот на свој терен од Брајтон минатото
коло, каде домаќинот не личеше на самиот себе си, сепак, ќе му укажеме доверба
на Лидс на гостувањето кај Њукасл, а ќе го селектираме и Џек Харисон (5.4) кој
има голем удел во офанзивната, барем до пред две кола, игра на Лидс која
ветуваше многу, по што следеа два порази во низа, од Тотнем, односно Брајтон.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Тимот ќе го
затвориме со изборот во нападот, а за ова коло препорачуваме формациска
поставеност од 3-4-3, па така ќе почнеме со едно мини-изненадување во
последната линија, а ќе му укажеме доверба на Тимо Вернер (9.2) чија адаптација
во Челси оди во сосема неизвесен правец, односно потешко од очекувањата. Нема
дилеми дека Вернер имаше голем придонес во играта на тимот од „Лондон“ досега,
меѓутоа тоа не е во преден план, туку останаа запаметени неговите големи промашувања,
на навистина големи шанси, тоа очекуваме да се промени, а Вернер и Челси ќе
добијат и нов тренер во периодот кој претстои по отказот за Лампард. Мечот со
Вулверхемптон на домашен терен е можност за Вернер да тргне на подобро во
своите предизвици за Челси со нов тренер.

Ентони Марсијал (8.8)
има убава можност да им се врати на погодоците во дресот на Манчестер јунајтед,
откако сезонава постигна само два, а подобар беше во асистенциите каде
реализираше пет, а против Шефилд Јунајтед тој сигурно би бил во поволни
можности да им се врати на погодоците.

Оли Воткинс (6.1)
ќе има тешка задача за гостувањето на Астон Вила кај Барнли, пред себе ќе го
има еден од најдобрите голмани во моментов на Островот, Поуп, но, напаѓачот сезонава
потврди дека е одлично засилување за Астон Вила, а дополнително, има креатор и
плејмејкер како Грилиш покрај себе, а од тоа би можел да има голем бенефит.
Седум гола и четири асистенции е досегашниот учинок на Воткинс сезонава, што е
навистина одлично.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Предлог-состав:
Фабијански (5.1); Кресвел (5.4), Диаш (5.9), Алиоски (4.5);
Фернандеш (11.3), Мадисон (7.2),
Фоден (6.3), Харисон (5.4)
; Вернер
(9.2), Марсијал (8.8), Воткинс (6.1)

Капитен: Фернандеш

Заменик-капитен:
Фоден

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Во завршниот дел
од анализата, традиционално ќе се осврнеме накратко и на актуелната состојба на
табелата во Македонија, односно лигата на „24фудбал“.

Во генералниот
пласман каде учество имаат сите натпреварувачи од нашата земја, лидер е
Александар Чанков со досега освоени 1332 бода, имате можност да го проследите
неговиот избор од претходното коло.

Што се однесува
пак до актуелната ситуација на табелата на „24фудбал“ лигата, таму лидер е
Александар Димовски до досега освоени 1276 бода, имате можност да го проследите
и неговиот избор од претходното коло.



Среќно до сите
натпреварувачи во новото коло, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“,
кодот е следен
: unckad

Можно е и ова да ти се допаѓа

×