24фудбал

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Антонио подготвен да блесне во полн сјај, му претстојат два противника по мерка

По кратка пауза, повторно се враќаме на едицијата „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“ како помошна алатка за сите наши натпреварувачи на Фантази Премиерлигата.

Останато

Викендов продолжуваат возбудувањата во англиската Премиерлига, а пред нас се натпреварите во рамките на 19 коло, кое иако претходно имаше сосема поинаков распоред, можно е да дојде до одредени промени повторно.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Сезонава е доста непредвидлива, мутацијата на коронавирусот на Островот си го стори своето, па ако многумина натпреварувачи во целост го подготвуаа тимот за два меча во исто коло на своите играчи за 19 коло, се случија неколку промени, прво кај Астон Вила каде коронавирусот сериозно навлезе во клубот, а потоа на Лидс му беше одземен мечот со Саутемптон, поради дуелот на таа екипа со Шресбери за комплетирање на рундата во ФА купот.

Како и да е, Астон Вила нема да игра против Евертон, но ќе ги одмери силите со Манчестер Сити и Њукасл, што значи дека ќе има два меча ова коло, меѓутоа остануваме барем засега без дополнителни информации околу тоа кој е заразен со ковид-19, инаку пред една седмица овој клуб доби дури девет фудбалери позитивни на заразата.

Од друга страна пак, се шпекулира дека воопшто нема да изненади доколку Лидс освен Брајтон, во средината на идната седмица му се додаде и дуелот со Саутемптон, бидејќи и натаму не е познато колку нисколигашот Шресбери е „рехабилитиран“ од коронавирусот, последна информација е дека тренерот на таа екипа е позитивен на последното тестирање.

Тоа е накратко како вовед во 19 коло каде дербито се игра на „Енфилд“ помеѓу лутите и долгогодишни ривали Ливерпул и Манчестер јунајтед во недела.

Помеѓу обата викенда оваа седмица се одиграа шест натпревари во рамките на 18 коло, а познато е дека многумина ја искористија опцијата „Фри Хит“, меѓутоа немаше многу голем атак на бодовите, од причина што во целост потфрлија неколку важни фудбалери како Бруно Фернандеш (2), па и Кевин Де Брујне (6), а довербата ја оправда Хари Кејн (8).

Како последно инфо во воведниот дел, ќе потенцираме дека Фернандеш е под закана за суспензија од еден меч, така доколку ѕвездата на Манчестер јунајтед добие жолт картон на дербито во недела, ќе отсуствува на вториот меч со Фулам.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Се префрламе на актуелната состојба во поглед на активноста на натпреварувачите со трансферите, а најкупуван за 19 коло е новото откритие на Дејвид Мојс во Вест Хем, Томаш Соучек, кој има одлична цена од само 5.3, а му претстојат Барнли и ВБА во двата меча во едно коло за „Чеканите“.

Интересно е тоа што по Чехот следи неговиот соиграч Антонио кој се врати во целост подготвен по повредата, а дополнителна мотивација се чини да го селектирате е секако тоа што по заминување на Алер, тој е осамен во нападот, односно единствен избор на Мојс за таа позиција. Водечката тројка на оваа листа ја заокружува Фоден од Манчестер Сити кој исто има два меча ова коло, а игра во одлична форма.

Водечката петорка на оваа листа ја комплетираат уште и Бамфорд од Лидс, односно Де Брујне од Манчестер Сити.


Најпродавани ова коло се Калверт-Луин од Евертон, Сон од Тотнем, односно Заха од Кристал Палас, а на оваа листа се најдоа уште и Нето од Вулверхемптон, односно Кејн од Тотнем.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Доколку добро го проследите редоследот на натпревари за ова коло, веројатно прво ќе ви падне во око Вест Хем, па нема дилеми во тоа дека од „Чеканите“ најмногу се очекува, па иако е под одреден ризик за селекција, сепак ќе го препорачаме Лукаш Фабијански (5.1) кој се води како повреден во моментов. Сепак, полскиот голман се врати на тренинзите и беше поштеден во купот, а Мојс за него денеска изјави дека добро ќе размисли дали ќе биде во комбинација, иако големи се очекувањата тоа да се случи најмалку на вториот меч (Барнли+ВБА, на домашен терен). Доколку не би сакале да ризикувате со Фабијански, добра опција е воедно и Каспер Шмајхел од Лестер кој исто така има два меча ова коло (Саутемптон+Челси, на домашен терен).

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Фабијански ќе го сврземе со Арон Кресвел (5.3) кој игра во одлична форма, а исто како и голманот беше поштеден во купот во минималниут триумф над Стокпорт, па ова е убава можност целосно одморен да внесе сета енергија на двата дуели на домашен терен против Барнли и ВБА.

Лестер исто така има два меча ова коло, истите на домашен терен против Саутемптон и Челси, а олеснителна околност за „Лисиците“ во првиот меч ќе биде отсуството на Ингс кај гостите поради зараза со ковид-19, па секако ќе го препорачаме и Џејмс Џастин (5) кој е доста активен и во играта понапред.

Доста полемики предизвика ангажманот на Бруно Диаш (5.8) во Манчестер Сити, меѓутоа се чини дека последните неколку натпревари утврдија дека Гвардиола добро знаел што сакал, па стоперот игра навистина во одлична форма, а ова коло против Кристал Палас и Астон Вила ќе атакува на нов клин-шит.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Прв пик во средниот ред секако ќе биде првата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах (12.5) кој пред себе ќе ги има противниците од Манчестер јунајтед во дербито на колото, убава можност за Египјанецот да се оправда за очајните изданија три кола во низа, а сигурно ќе има голема мотивација за тоа.

Од причина што постои ризик да Фернандеш го пропушти вториот меч против Фулам поради евентуален жолт картон на дербито со „Редсите“, ќе го препорачаме Маркус Рашфорд (9.6) кој во последните пет кола игра во одлична форма, постигнувајќи два гола и една асистенција.

Постои можност Кевин Де Брујне (11.8) да биде одморен на првиот дуел со Кристал Палас, меѓутоа тоа останува на Гвардиола, кој инаку претходно јасно наведе дека Белгиецот му е исклучително потребен во Премиерлигата, меѓутоа со него поради честите ротации иако ништо не се знае, сепак ќе го селектираме и Белгиецот кој по Кристал Палас, ќе има можност да донесе бодови против Астон Вила, исто така на домашен терен.

Џек Грилиш (7.7) сигурно ќе има и повеќе од мотивација за да прикаже одлична партија за Астон Вила на гостувањето кај Манчестер Сити, а потоа сигурно и против Њукасл на домашен терен, меѓутоа останува непознато кој е заразен со ковид-19 во Астон Вила, но, како и да е, првата ѕвезда на таа екипа со сигурност ќе биде одличен избор ова коло доколку е во можност да настапи.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Без никакви дилеми прв избор во нападот е Џејми Варди (10.1) кој со својот Лестер има два меча на домашен терен против Саутемптон и Челси, а првиот пеналџија на „Лисиците“ ќе може да го прекине постот од три меча без постигнат гол, а за тоа да го стори ќе има две прилики ова коло.

Патрик Бамфорд (6.6) е големата сензација сезонава во Премиерлигата откако напаѓачот на Лидс запиша дури десет погодоци на 17 натпревари, а ова коло пред себе за противник ќе го има Брајтон, ќе додадеме дека Лидс може да има двојно коло како што претходно беше предвидено доколку дојде до повторно откажување на дуелот Саутемптон-Шресбери во ФА купот поради хаосот со ковид-19 во таборот на нисколигашот, за што и самиот тренер на Саутемптон, Хазенхутл остави можност за такво сценарио на денешната пресконференција.

Михаил Антонио (6.2) е „џокерот“ од кого очекуваме многу ова коло, дека очекувањата се големи потврди и статистиката на трансфери ова коло (види горе), а противниците по мерка како Барнли и ВБА се добредојдени за враќање во старата форма на напаѓачот кој отсуствуваше подолг период поради повреда, а повеќе од извесно е дека веќе е во целост подготвен за предизвикот ова коло за два меча во низа.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Предлог-состав: Фабијански (5.1); Кресвел (5.3), Џастин (5), Диаш (5.8); Салах (12.5), Рашфорд (9.6), Де Брујне (11.8), Грилиш (7.7); Варди (10.1), Бамфорд (6.6), Антонио (6.2)

Капитен: Варди

Заменик-капитен: Антонио

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

За крај на оваа анализа ќе направиме и еден краток осврт на моменталните случувања на табелите во генералниот пласман на Македонија, како и лигата на „24фудбал“.

Во генералниот пласман каде се натпреваруваат сите од нашата земја (а ги има над 10,000), лидер на табелата е Александар Чангов со досега освоени 1196 бода, имате можност да го проследите неговиот избор од претходното коло.


Што се однесува пак до табелата во лигата на „24фудбал“, таму лидер е Александар Димовски до досега освоени 1169 бода, имате можност да го проследите и неговиот избор од претходното коло.


Среќно до сите натпреварувачи ова коло, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“, кодот е следен: unckad