Робињо се враќа во Сантош, ќе игра за месечна плата од 10.000 денари!

by
1 минути читање

Робињо сака да се врати во Сантош, клубот каде ја започна кариерата и се промовираше како идна ѕвезда. Сепак, „црно-белите“ се во финансиски проблеми па се бара начин како да се скрои договорот.

Глобоеспорте пишуваше дека напаѓачот ќе потпише за симболични 10 бразилски реали месечно (нешто под 100 денари), плата која ќе ја добива до крајот на годината и на почетокот од следната, а потоа платата драстично ќе му се корегира.

Според УОЛ, Робињо и Сантош си подале рака за петмесечен договор според кој играчот во првите три месеци ќе биде на минималец од 1.045 бразилски реали (нешто под 10.000 денари) а во следните два месеци плата ќе добие од поранешниот претседател Марсело Тешеира.

Ќе има и опција соработката да се продолжи до крајот на 2022 година, секако со многу повисока плата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани