Лео Меси и Луис
Суарез се изедначија со Роналдо, откако утрово постигнаа гол за Аргентина, односно Уругвај, во квалификациите
за Светското првенство. Тие го достигнаа постигнувањето на „феноменот“ од 39
погодока (најмногу) на компетитивни натпревари кога е во прашање репрезентација од Јужна
Америка.
39 – Tonight, both Lionel Messi and Luis Suárez have equalled Ronaldo’s record for most goals scored for a South American national team in competitive matches (39 goals each). Beasts. pic.twitter.com/Yl2OE7tNQL
— OptaJavier (@OptaJavier) October 9, 2020
Утрово, и Лео
Меси и Луис Суарез погодија од белата точка. Напаѓачот на Барселона реализираше
најстрога казна за триумф на Аргентина од 1-0 над Еквадаро.
Новото засилување
на Атлетико Мадрид пак не погреши од 11 метри против Чиле во натпревар во кој Уругвај
стигна до триумф од 2-1 со голот на Макси Гомез во 93. минута од мечот.