Бразилските клубови научија дека има многу пари во фудбалот, на 16 годишни момчиња им ставаат клаузули од 50-60 милиони

by
2 минути читање

Гигантите од Европа
во последните неколку години не штедат за да ги донесат најперспективните
фудбалери во своите редови. Трансфер сумите се неверојатни, и се плаќаат преку
30, 40 милиони евра за деца кои имаат по 16 и 17 година, кои потоа пристигнуваат во Европа откако ќе станат полнолетни.

Реал Мадрид плати
45 милиони евра за Винисиус Жуниор, истата сума ја одвои и за Родриго, а малку
подобро помина при трансферот на Реиниер, за кого одвои „само“ 30 милиони евра.

Коронавирус
кризата за момент ќе го стопира ова лудило, но во иднина сумите сигурно само ќе
растат.

Клубовите од
Бразил научија дека има многу пари во фудбалот, па почнаа своите бисери да ги
штитат со клаузули од по 50-60 милиони евра.

Минатата недела,
16 годишниот Матеус Насименто стави потпис на нов договор со Ботафого и доби
откупна клаузула од 50 милиони евра.
Се работи за напаѓач, кој беше ѕвезда на
првенството на Јужна Америка за играчи до 15 години. Тој е дел од Ботафого од 2015
и може да се пофали со 150 погодоци во младинските категории.

Оваа недела,
перспективниот Савињо стави потпис на својот прв професионален договор со Атлетико
Минеиро и доби откупна клаузула од 60 милиони евра. Савињо е офанзивец, кој игра
по крилните позиции и располага со одлична техника. Еден извор вели дека тој е
најдобар на својата позиција во својата генерација во цел Бразил.

Останува да се види дали овие момчиња ќе станат новиот Пеле или новиот Нејмар, и дали ќе направат богат трансфер на стариот континент, но очигледно нивните клубови имаат големи очекувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани