Фудбалер задоцнил на тренинг па дал неверојатно објаснување: Ме киднапираа вонземјани!

by
1 минути читање

Поранешниот фудбалер Гиљермо Марино, кој во
својата кариера има настапувано за Њуелс, Бока, Тигрес, Универсидад де Чиле и
Атлетико де Рафаела, имал средба со вонземјани кога играл во Чиле.

Лудата приказна
ја раскажа неговиот поранешен соиграч Густаво Лоренцети, кој додава дека Гиљермо
Марино бил сериозен човек, па му верувал на зборовите.

„Задоцни на
тренинг и кога го прашавме зошто, рече дека бил киднапиран од вонземјани.
Објасни што почувствувал и што се случувало, како му ја земале душата и ја
анализирале. Му поверував бидејќи е сериозен човек. Има луѓе кои ги нема по два
дена и кажуваат дека биле киднапирани од вонземјани, но Гиљерме не е таков, тој
е многу коректен. Сите го знаат. Треба да го има на „Дискавери“ или некој сличен канал“
– вели Лоренцети.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани