Моментот кога Роналдињо дозна дека ќе го напушти затворот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Бразилската фудбалска легенда, Роналдињо пред неколку дена излезе од затворот во Парагвај во кој беше од средината на март поради влез во земјата со фалсификуван пасош.

По престој од 32 дена во затворот, Роналдињо беше пуштен со кауција од 1,3 милиони евра да се брани од слобода. Тој сега ќе биде сместен во куќен притвор, во луксузен хотел во Парагвај со неспоредливо подобри услови од таму каде што беше досега.

Парагвајските телевизии објавија видео од моментот кога Роналдињо дознава дека ќе го напушти затворот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани