61
Роналдињо конечно
излезе од затвор, судот го прифати неговото барања за куќен притвор откако од
банка во Европа биле префрлени 1,6 милиони долари на сметка во Банко Насионал
де Фоменто.
„Ви благодарам за
добрината и молитвите, ви благодарам многу“ – изјави кратко Роналдињо по 32
дена зад решетки.
Тој сега ќе биде
во куќен притвор во хотелот Палмарога, за него и неговиот брат се резервирани две
соби на последниот спрат.
Медиумите
пренесуваат дека телефонот на хотелот не престанал да ѕвони по веста дека
Роналдињо тука ќе биде сместен во куќен притвор. Фановите на легендарниот фудбалер бараат резервација со надеж за средба со популарниот Дињо.