Селекторот на
Македонија, Игор Ангеловски во интервју за „Радио Марте“ објаснува дека Елиф
Елмас е среќен во тимот на Наполи, а посочи дека Џенаро Гатузо му дал
самодоверба изминатиов период, во однос на моменталната ситуација со
коронавирусот во Италија, Ангеловски вели дека постои загриженост.
„Често се слушам
со Елиф, тој е помалку уплашен, тој е младо момче, во Италија е задно со своето
семејство, тие сочувствуваат со тоа што и се случува на таа земја, имаат
солидарност за целата земја, постои загриженост за целокупната ситуација“ вели
тој.
Нашата најдобра
фудбалска репрезентација се подготвува за дуелот против Косово на домашен
терен, меч од големо значење за обете селекции, меѓутоа, првично е дека истиот
ќе се игра без присуство на публика на трибините, но, се уште не е дефинирано
дали воопшто истата пресметка ќе се игра, Ангеловски вели дека добил уверување
од Елмас дека е подготвен за настап и покрај повредата.
„Тој има ситна
повреда, Елиф ме увери дека во случај мечот против Косово да се игра, тој ќе
биде во комбинација за настап, најмалку од физичка гледна точка, всушност, нема
ништо сериозно во сето тоа“ посочи Ангеловски.
Селекторот на
Македонија тврди дека нашиот интернационалец е среќен во Наполи, и покрај тоа
што имаше мала неизвесност со него по доаѓањето на Џенаро Гатузо на клупата на
италијанскиот вицепрвак.
„Тоа што го прави
среќен во моментов е тоа што е во составот на Наполи, му требаше време со
Гатузо, но потоа од таа страна дојде една голема самодоверба, првично од
спортски агол, Елиф е навистина среќен во овој период“ заклучи Ангеловски.