Сисињо раскажа како 20 години бил алкохоличар: Почнав да пијам кога имав 13, едно време пиев по 10 пива на ден

by
2 минути читање

Бразилецот во
2016 си ја отвори душата, раскажа за демоните со кои се борел додека играл
фудбал, и откри дека имал средба со Исус откако испил 18 каипириња и 14 пива.

Во колумна за
весникот Естади де Сао Паоло, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Рома сега откри дека 20 години бил алкохоличар.

„Почнав да пијам
кога имав 13 или 14 години, кога бев дел од Ботафого. Ми кажаа дека пивото е
добро и почнав да пијам. Не престанав да пијам до 30 и нешто години. Пиев
речиси 20 години. Едно време, пиев по 10 пива на ден
“ – раскажува Сисињо.

Алкохолот не му
бил единствениот порок, долги години пушел цигари.

„Пишев и цигари.
Пушев 11 години, од 1999 до 2010. Пушев само кога пиев, но проблем беше што пиев секој ден“.

Сисињо исто така
открива дека ја загубил пасијата за фудбалот, а од ова мрачно место излегол
благодарејќи на сопругата.

„Од мали нозе бев
заљубен во фудбалот. Кога Бог ни дава дарба и не знеме како да ја искористиме,
тоа е така бидејќи нешто не чини со нас. Повеќе немав задоволство и желба да тренирам, да истрачам на теренот, да играм фудбал. Ова ми се случи кога имав
30 години, кога бев дел од Рома во 2010 година“.

„Мојата сопруга
ме насочи на правиот пат, не сум имал проблем со алкохол и цигари повеќе од осум
години. Не ја изневерувам сопругата и живеам според Божјите заповеди“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани