Проблеми за Роналдињо, фатен е во Парагвај со фалсификат пасош! (ФОТО)

by
2 минути читање

Министерството за внатрешни работи на Парагвај потврди дека Роналдињо и неговиот брат се задржани во хотел во Асунсион, каде ќе бидат испрашувани по што ќе биде одлучено дали ќе бидат уапсени или не.

„Браќата не се приведени, тие се уште се под судска истрага и треба да сведочат. Потоа ќе биде одлучено дали ќе бидат уапсени или не“, изјави министерот за внатрешни рабти на Парагвај, Еуклидес Асеведо.

Мурињо пристигнал во Парагвај на хуманитарен настан, но влегол во неволја откако властите откриле дека тој користел лажен пасош.

Вистинскиот пасош на Роналдињо е одземен од бразилските власти уште во 2018 година поради тоа што фудбалерот добил казна од 2,3 милиони долари која се уште ја нема платено. Казната била поради нелегално градење на брегот на езерото Гуаиба во Јужен Бразил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани