Пеле е во депресија, не сака да излезе од својот дом

by
1 минути читање

Поради операцијата на колкот, Пеле не може да оди без помош на количка или патерици, тој се срами од таквата негова состојба и одбива да излезе од својот дом.

„Се срами, не сака да излезе, не сака да биде виден, практично не сака да направи било што кое вклучува напуштање на куќата“, вели Едињо за ТВ Глобо.

„Тој е прилично кревок. Му беше заменет колкот, но немаше идеална рехабилитација, па мобилноста му е проблем а тоа го фрла во депресија. Замислете, тој е кралот, секогаш бил влијателен, а сега не може да оди добро“.

Ова лето е јубилејната 50 година од последната, трета титула на Пеле Светски шампион освоена во Мексико во 1970 година. За таа бразилска репрезентација многу луѓе сметаат дека е најдобрата во светот на сите времиња.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани