Тотнем конечно победи во Премиерлигата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тотнем требаше да игра со последниот на табелата за да ја прекине серијата без победа во Премиерлигата.

Тимот на Мурињо не блескаше ниту вечерва, но сепак дојде до триумф од 2-1.

Резултатот беше отворен во 38. минута кога Деле Али погоди по центаршут од Орие.

Во 70. минута Пуки од пенал го изедначи резултатот на 1-1. Лорис кој конечно се врати по повредата не успеа да го одбрани ударот од белата точка иако беше блиску да го направи тоа.

Радоста на гостите траеше девет минути, тогаш Сон со глава реализираше за победа на Тотнем од 2-1.

Лестер со 4-1 го победи Вест Хем. По два порази триумф на лисиците.

Перез постигна два гола, по еднаш стрелаа Барнс и Переира, погодокот за Вест Хем го постигна Нобл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×