Унаи Емери е прв фаворит според обложувалниците за тренерот кој следен ќе остане без работа во Премиерлигата. Арсенал е во резултатска криза, по синоќешниот пораз на гостувањето кај Лестер, „топчиите“ го имаат најлошиот старт во една сезона во последните 37 години.
Одредени гласини велат дека Луис Енрике би можел да пристигне на Емирати, но последните извештаи говорат дека Унаи Емери нема да добие отказ, барем не за сега.
Според новинарот Дејвид Орнстајн од Атлетик, извори блиски до Арсенал брифирале дека бордот на директори е 100% зад стратегот и Шпанецот се уште ја има довербата на раководството.
Главниот уредник за фудбал на Дејли Мејл, Роб Дрејпер исто така смета дека Арсенал сега нема да му врачи отказ на Унаи Емери, но тешко дека тренерот има долгорочна иднина во клубот.