Додека поголем дел од земјата го слави тоа што Нејмар се најде на списокот на селекторот Анчелоти за Мундијалот, се појави и снимка од семејството на Жоао Педро.
Имено, Бразилецот иако со Челси на тимски план немаше најдобра сезона, сепак индивидуално во Премиер лигата постигна 20 голови и подели шест асистенции.
Сепак, тоа не беше доволно Анчелоти да го повика.
„Жал ни е за Жоа Педро. Имаше одлична сезона во Европа и веројатно заслужи повик, сепак се одлучивме за други фудбалери“, кратко ја прокоментира одлуката италијанскиот стратег.
OH NON ! 💔
— Actu Foot (@ActuFoot_) May 19, 2026
La famille de Joao Pedro 🇧🇷 s’était réunie et a attendu toute la soirée que Carlo Ancelotti dise le nom du joueur de Chelsea… EN VAIN…😨
🎥 @geglobo pic.twitter.com/h1CHNOVxMF