Борусија за 25 милиони евра купува играч со македонски корени од Ц. Звезда?

by 24 фудбал
1 минути читање

Борусија Дортмунд планира реконструкција на тимот за следната сезона, а една од желбите на германскиот клуб е фудбалерот на Црвена Звезда, Василије Костов.

Според „Скај Спорт“, Дортмунд е подготвен да тргне по младиот играч од средниот ред, а трансферот би можел да достигне вредност до 25.000.000 евра.

Во германскиот клуб го гледаат како опција за освежување на средниот ред, особено ако Јулијан Брант замине по крајот на сезоната.

Борусија сака повторно да се насочи кон ангажирање млади и перспективни фудбалери, а Костов е високо на листата на желби. Доколку пристигне сериозна понуда, Црвена Звезда би можела да влезе во преговори за еден од најголемите излезни трансфери во последните години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×